Охрид
34+6 Соби
Домашни Оброци
Прекрасниот Охрид
Удобен Хотел со Пријателски Персонал во Срцето на Охрид
Сакате да го посетите Охрид? Барате комфорен смештај со прекрасна локација во центарот на градот?
Хотел Чинго е вистинскиот избор за Вас. Се разликуваме од другите по тоа што нудиме сместувачки капацитет за групи и поедниечни сместувања по најповолни цени, а локацијата е во строгиот центар на градот од каде со пешачење се ви е на дофат. Сместени сме во непосредна близина на градскиот пазар. Старото дрво “Чинарот” кое е една од главните туристички атракции е на само 3 минути пешачење од нашиот хотел. Од тука почнува главното шеталиште со многу продавници и шопинг центри. Преку горна порта, па се до античкиот театар и Самоиловата тврдина сте за 5 минути, овие места се задолжителни да ги посетите ако доаѓате во Охрид.
Со еден збор, резервирајте во нашиот хотел и го имате Охрид на дланка штом излезете од самиот хотел.
Апартмани Тип 1
Апартмани Тип 2
Двокреветна/Твин Соба
Трокреветна Соба
Рецепција и Бар
ВИП Соба
Импресии
Импресии од Гостите
“Location, 3 min from the lake, and Old town, very close to historical sites, rooms are very clean and new, personnel were very kind, breakfast is also not bad, free parking”
Milijana Malichevich“The location of the hotel is unbeatable, next to all the tourist attractions of forced visit. We were in the new part of the hotel and our room was quiet and with very comfortable beds. The staff is very friendly and answered all my questions both via Booking and then when I met them.”
James Penson“Great location: very easy to access by car, and right next to the old town. Room very good.”
Guillaume Cahlia“Location, 3 min from the lake, and Old town, very close to historical sites, rooms are very clean and new, personnel were very kind, breakfast is also not bad, free parking”
Jane RogersШто Добивате
Удобности и Услуги
Бесплатно WiFi
Бесплатен Паркинг
Комфортни Спални
24/7 Рецепцисија
Кабелска Телевизија
Климатизација
Појадок/Ручек/Вечера
Приватни Бањи
Фрижидер во Секоја Соба
Градски Пазар и Чаршија
Во непосредна близина на самиот хотел се наоѓа градскиот пазар за зеленчук и овошје. Додека престојувате во хотелот можете одблиску да ја запознаете традицијата и растенијата и плодовите кои се специфични за поднебјето во Македонија. Исто така веднаш до градскиот пазар, се наоѓа старата чаршија која е преполна со занаетчиски дуќани и ве води за нецели 5 минути до „Чинарот“ – најстарото дрво – природен споменик на Охрид.
Историски Знаменитости
На нецели 5 минути, хотелот е оддалечен од чинарот а на 7 минути од строгиот центар на градот. Низ чаршијата прво ќе поминете по старата калдрма, па од кај чинарот ќе ја здогледате „Али Пашината“ џамија. На градскиот плоштад ќе видете многу споменици и други знаменитости како и Охридското езеро – најстарото езеро во Европа. Од хотелот десно по нагорниот пат, за нецели 5 минути сте во стариот дел од градот, Горна порта, антички театар, Самоилова тврдина итн. Духот на Охрид ќе ве понесе да имате незаборавен престој како во градот такаа и во нашиот хотел.
Ресторан и Бар
Ресторанот е во склоп на хотелот. Располага со капацитет од 120 седишта. Отворен е за доручек, ручек и вечера. Врвен кувар ги подготвува највкусните јадења за Вас. Откако ќе завршите со оброкот излезот од ресторанот ве води низ бар рецепцијата, каде во пријатен амбиент можете да го испиете вашиот чај или утринско кафе а нашите вработени се секогаш тука за Вас да ви излезат во пресрет.
Постојка за Струга
Лево од хотелот, излегувате на главната раскрсница каде на 3 минути пешачење од хотелот има автобуска постојка за Струга. Тука можете да најдете автобус каде за околу 1 евро ќе можете да отпатувате до Струга (град оддалечен на околу 30 минути возење од Охрид), и да ги разгледате и убавините на овој град како и реката „Црн Дрим“ симбол на овој град.